47 кумановци казнети вчера за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седум лица од Куманово добиле казна поради непочитување на одредбата за задолжително носење заштитина маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12.01/13.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 75 лица не ја почитувалe, информираат од полицијата.

Од вкупната бројка издадени казнени налози, најмногу се во Куманово 47, во Крива Паланка 19 и во Кратово 9.

За прекршителите на уредбата, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply