4,6 милиони денари за Фондација за култура и спорт за 2020 година

Сподели со своите пријатели

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово за следната година на располагање ќе има 4,6 милиони денари, со кои ќе треба да организира вкупно 19 културни манифестации.

Loading...

Претходно за програмата биле предвидени седум милиони денари, но подоцна со одлука на Управниот одбор на Фондацијата биле скратени дел од средствата за манифестациите.

Работата на Фондацијата беше пофалена и од власта и од опозицијата, на денешната седница на Советот на Општина Куманово, каде се наметна повторно идејата локалната самоуправа да набави сопствена бина, неместо да дава големи суми на пари за изнајмување на истата за различни манифестации.

Советникот Зоран Петрушевски пресметал дека во текот на 2019 година по однос на бината биле потрошени околу 830 илјади денари.

– Сакам да ги повикам луѓето што ветуваа дека ќе го разгледат оваа прашање, ги повикувам уште еднаш да разгледаат, затоа што 830 илјади за оваа по 4 години би виделе колку се пари, кога би имале наша бина многу наши школи и невладини организиции по други основи би ја користеле, рече советникот Петрушевски.

Идејата ја поддржува и директорот на Фондацијата за култура и спорт Нино Величковски, кој вели дека тоа би можела да биде и статична бина по примерот на Бања Лука.

– Тоа би било голема работа за градот кога би можело да се одвојат средства за бина, бидјеќи немате голема манифестација, а за бина за една вечер да нема испод 3.000 евра, за да има 10 манифестации тоа се 30.000 илјади евра сакале или не ќе ги дадеме, убаво е да се направи ако имаме средства. Целокупна нормално бина е една работа но со други содржини, озвучување и осветлување, чини повеќе пари, но да се оди во фази да видиме колку има можности, па првин да земеме бина, па може да биде статична ако се најде такво место, како Бања Лука, и тоа е добра идеја ако може Советот тоа да го поддржи би било добро за културата во градот, рече Величковски.

Во програмата за спортот се предвидени 300.000 денари како резервни средства, кои ќе се доделуваат во зависност од барањата кои во текот на следната година ќе пристигаат до Фондацијата од спортисти или спортски клубови.

Loading...

За 50.000 денари е поголема ставката за поддршка на млади автори кои можат да аплицираат со свои идеи до Фондацијата во текот на 2020 година.

Голем дел од дебатата премина во препукувања со советникот Осама Муадини, кој како и секоја седница се обиде да ја наметне нееднавкоста на Албанците по етничка основа, обвини дека намало манифестации за Албанците во програмата предвидена за следната година.

– Од сите овие дадени манфиестации во програмата никаде не видов еден концерт и манфиестација за Албанците ова е трета година што јас сум совентик и Фондацијата нема буџетски средства за ниту еден концерт или манифестација за Албанците, а има за другите етнички заеници, ова продолжува да биде една од нерешените проблематики на Фондацијата која не предвидува од овие 4 милиони денари ниту една манфиестација или концерт за Албанците, рече Муадини.

Обидот Муадини да направи поделби на овој план, не доби поддршка ниту од опозицијата ниту од градоначалникот Максим Димитриевски.

Советникот Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова се културни манифестации кои не се делат по етничка основа, и никаде не пишува дека некоја од нив е за Македонци или Албанци.

– Јас колку што гледам ниту една манифестација не е поделена по националност . „Гитаријада“, можат да се пријават групи и учествуваат групи со припадници на албанската националност, уличен фестивал „Куманија“ е за сите, повторно фестивал, „Изложба на млади кумановски уметници“ никаде не е нагласено какви ќе бидат тие уметници и „Без маски“ фестивал за млади со посебни потреби, убаво е напишано никаде не пишума Македонци или Албанци, така да мислам дека целата дискусија на колегата Муадини во оваа ситуација не држи, рече Петковски.

На таквиот став се надовржа и градоначалникот Максим Димитриевски, кој на советникот Муадини му порача да излезе од матрицата од 90те години и да не се обидува на тој застарен модел да купува евтини политички поени во пресрет на изборите.

–  Овие манифестации вкупно 19 кои ќе бидат организирани со буџетски средстава се за сите граѓани без разлика на етничка, верска или било каква припадност, и оваа година на 8ми, 9ти и 10ти ноември се одржаа три мега концерти на кои по подолг период присуствуваа сите граѓани без ралзика на никаква припадност, а дополително за прв апт во историјата се одржа и мешовит концерт на млади групи кои доаѓаат од албанска, македонска и друга етничка провиненција и стие млади беа заедно на плоштад и не се случи поделба и додека седам на оваа позиција ќе продолжам да функцинирам така, а вие со вашите дискусии се обудвате да копате по етнички чувства да собирате евтини поени, му порача градоначалникот Димитриевски.

Loading...

Муадини со својата реплика повторно започна од културата да навлегува во други области со кои повторно удираше врз етничката припадност и наводната обесправеност. Рече дека му пречело знамето на поранешната Југославија кое било истакнато на настапот на Лепа Брена на 10ти ноември, на што Димитриевски рече дека било убаво затоа што будело чувства на едни поубави времиња.

Дискусијата остана заглавена меѓу нереалните ставови на Муадини, а дел од совентиците побараа пауза од половина час, со што програмата се очекува да биде изгласана по 30 минути.

Leave a Reply