44 кумановци казнети вчера за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четири лица од Куманово вчера биле казнети поради непочитување на законската уредба за неносење заштитна маска за лице.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.01/20.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 56 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 44, во Крива Паланка 7 и во Кратово 5, појаснуваат од СВР Куманово.

За истите, како што додаваат од полицијата,  ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply