44 килограми инсектицид запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

44 килограми инсектицид во гранули, марка ROVOCID и GALITION Extra (44 пакувања од по 1 килограм), 1600 ml течен инсектицид-концентрат за емулзија ETIOL (16 пакувања од по 100 ml) и 490 грама хербицид TEZIS (49 пакувања од по 10 g), биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на РСМ.

Loading...

Непријавените производи, како што додаваат од Управата, биле пронајдени во багажникот, на задното седиште, помеѓу седиштата и под совозачкото седиште, се привремено задржани, а против сопатникот во возилото, кој се пријавил како сопственик на производите, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply