Најмалку 76 лица загинаа, а повеќе од 440 се повредени во Турција по разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во 4:17 часот.
Следеа уште 42 земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на разорниот земјотрес бил во Кахраманмарас, но бил почувствуван во Сирија и Либан. Медиумите јавуваат дека најмалку 30 лица загинале во земјотресот во Сирија.
Во Турција од силината на земјотресот уништени се бројни згради, а спасувачите со часови ги извлекуваат повредените од урнатините.
Властите соопштија дека 76 граѓани ги загубиле животите, а 440 се повредени во Кахраманмарас, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман и Малатија…
„Ги замолуваме граѓаните да не влегуваат во оштетените објекти. Исто така, бараме патиштата да останат проодни за спасувачките и итните екипи. Бараме сите да користат СМС пораки и интернет апликации за комуникација“, стои во пораката што властите ја испратија до жителите на Турција.
Гувернерот на Малатија рече дека повеќе од 100 згради во областа се урнати.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.