42 мигранти насилно влегле во куќа во село Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден, поточно околу 16 часот при претрес во куќа во селото Ваксинце, во соппстевност на Р.Р. кој бил на привремена работа во Швајцарија откриени се 42 мигранти.

Loading...

По претходна пријава од страна на Полициската страница од ПО Матејче при извршениот претрес биле пронајдени 42 мигранти, меѓу кои и седум малолетници од Сирија, Пакистан, Иран и други држави.

Мигрантите на територијата на Република македонија влегле илегално, а во куќата на Р.Р. насилно влегле и престојувале.

Упатени се служби од СВР-Куманово за преземање на мерки и мигрантите се приведени во СВР-Куманово за понатамошна постапка