41 степен во Куманово за првиот ден од август

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 35 до 43 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Температурите ќе се движат од 23 степени во утринските часови, до максимални 41 во текот на денот.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.

И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply