400 супербогати луѓе во Австрија поседуваат третина од вкупното богатство на земјата

Сподели со своите пријатели

Шефот на Австриската социјалдемократска партија (SPÖ), Андреас Баблер, која моментално е најголемата опозициска партија во Австрија, бара од австриската федерална влада на „Народната партија“ (ÖVP) и Зелените да воведат данок за богатите.

Loading...

Зголемен е бројот на супербогати во Австрија. 400 од нив, со вкупно богатство од 350 милијарди американски долари (323 милијарди евра), поседуваат третина од вкупното богатство во оваа алпска земја со 9,1 милиони жители.

Станува збор за лица кои поседуваат имот вреден над 100 милиони долари.

Австрија во моментов има повеќе од 50.000 милионери, што е за 4.000 повеќе од минатата година, според студијата на Global Wealth Report на Бостонската консалтинг група (BCG).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на илегални преминувања во ЕУ нагло се намалил во првата половина од годинава

Според истата студија, вкупното нето богатство на Австријците, и покрај добриот развој на берзата, остана „речиси непроменето“.

Забележително е и зголемување на финансиското богатство на Австрија за нешто повеќе од три отсто од една страна и благ пораст на долгот и пад на реалната вредност на средствата (минус 12,4 милијарди долари или минус 0,7 отсто).

Минатата година уделот на недвижностите во вкупното богатство на најбогатите во Австрија се намали поради падот на цените на пазарот на недвижности.

„Во Австрија, зголемувањето на каматните стапки пред се се одрази на развојот на вредностите на пазарот на недвижности, кој има исклучително висока тежина во земјата“, истакна Мајкл Калих, коавтор на студијата BCG.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица осудени за убиство на претседателскиот кандидат во Еквадор

Податоците покажуваат и дека повеќе од 70 отсто од богатството во Австрија, или околу 1,8 трилиони американски долари, е инвестирано во материјални средства.

Она што исто така се издвојува кај судијата е дека 7,2 милиони Австријци имаат богатство помало од 250.000 долари и дека оваа група заедно држи една третина од богатството на земјата.

Шефот на Австриската социјалдемократска партија (SPÖ), Андреас Баблер, која моментално е најголемата опозициска партија во Австрија, бара од австриската федерална влада на „Народната партија“ (ÖVP) и Зелените да воведат данок за богатите.

„Глобалниот извештај за богатството црно на бело покажува дека богатите стануваат се побогати и дека богатството е крајно неправедно распределено во Австрија“, рече Баблер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полскиот парламент го отфрли ублажувањето на законите за абортус

Според истата студија, во светот има околу 73.000 „супербогати“, од кои 26.000 живеат во САД.

На второ место е Кина (8.300), а на трето Германија (3.300).

Се вели дека „супербогатите“ ширум светот поседуваат околу 14 отсто од светското богатство.