40-годишен кумановец приведен со прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец вчеравечер бил приведен откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 31.05.2022 во 22.20 часот на ул.„Васил Драгомански“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.В.(40) од Куманово затоа што кај него бил пронајдена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски