Сезонските профилактички прегледи поврзани со женското здравје, вклучуваат претежно гинеколошки следења, како и мамограм на млечна жлезда со цел превенција на едни од најчестите видови рак.
Често, сепак жените го превидуваат ракот на тироидната жлезда , а проблемите со овој мал, но така важен орган во нашето тело, се зголемија неколкукратно од 70-тите години на минатиот век до денес, покажуваат истражувањата.
Многу жени се изложени на ризик, без да се сомневаат, бидејќи симптомите на рак на тироидната жлезда исклучуваат болка во почетните стадиуми.
Дијагнозата рак звучи страшно, но при редовни прегледи нема повод за паника, смета професор Илја Лихтеров, специјалист по оториноларингологија во Медицинската школа во Mount Sinai, Њујорк.
“Иако е факт дека случаите на рак на тироидната жлезда се зачестени во последните децении, обично станува збор за папиларен тип рак, кој е меѓу најслабо агресивните” , вели доцент Лихтеров пред prevention.com .
Тој објаснува дека успешноста во лекувањето е многу добра, особено кога болеста е дијагностицирана навреме. Ова не значи сепак дека редовните прегледи кај ендокринолог треба да се запостават, напротив.
Кои се можните симптоми кај рак на тироидната жлезда ?
Грутка во вратот
Тироидната жлезда се наоѓа токму во предниот дел на вратот. Ако во оваа област или околу неа се појави грутка, дури и мала, која не исчезнува сама по себе, веднаш треба да се прегледате кај специјалист. Ако ракот се проширил кон лимфните јазли постои посериозен ризик за здравјето. Превенцијата и редовните прегледи се од огромно значење.


