4 лица го прекршиле полицискиот час ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица во текот на изминатат аноќ го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека поради неносење маска биле казнети вкупно 79 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05.05/06.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 122 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекшочни налози се во Куманово 79, во Крива Паланка 29 и во Кратово 14.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 4 (четири) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply