4-годишно момче ги зело клучевите од автомобилот на мајка му па направил инцидент за паметење

Сподели со своите пријатели

За среќа, четиригодишното момче од Холандија не е повредено откако го запалило автомобилот на мајка си, а потоа удрило во две паркирани возила.

Loading...

Инцидентот се случил во саботата во централниот дел на холандскиот град Утрехт, каде момче управувало автомобил и предизвикало несреќа, а потоа бос и во пижами побегнал од местото на несреќата. Случајни минувачи го забележале додека чекорел сам по улицата.

 

 

Полицијата го снимила овој случај, а на Инстаграм се пошегувала дека е пронајден „новиот Макс Ферстапен“, популарниот Формула 1 возач.

Според полицискиот извештај, момчето се разбудило во саботата наутро кога татко му отишол на работа, а потоа ги зел клучевите од автомобилот на мајка си и почнал да вози.

По пријавата, полициски службеници го однеле во станица и го почестиле со топло чоколадо, а потоа ги повикале неговите родители.

Loading...