4 дена по смртта на сопругата, од неа добил СМС: Прво му се слошило, а потоа останал запрепастен од содржината на пораката

Сподели со своите пријатели

Неверојатна ситуација му се случила на Пабло Ренистас (42) од Натал во Бразил, кој ја загубил сопругата пред три недели.

Loading...

Кармела Ренистас (41) почина како резултат на нов вид на коронавирус. За само шест дена, таа стигнала до респираторниот систем од првичните благи симптоми без никакви шанси да се извлече, пишува Мејонорте.

За смртта на сопругата Пабло бил известен од лекар од црвената зона, кој и ветил дека ќе стори се за да ја спаси, а доколку тоа не се случи, нејзиниот сопруг веднаш ќе биде известен за сè.

 

 

Кога дошол да и ги земе работите, Пабло се збогувал со една од медицинските сестри која не ги криела солзите, велејќи му дека неговата сопруга била многу храбра и насмеана до последен момент.

Четири дена по смртта на Кармела, Пабло слушнал порака на телефон во куќата. Му напишала Кармела!

Loading...

Пабло треперел и погледнал уште еднаш добро за што се работи. Тоа навистина бил нејзиниот телефон. Ништо не му било јасно. Потоа ја отворил пораката по што се тресел од мака. Го читал следново:

„Драги, не грижи се, јас сум во добри раце. Мислам дека ќе побегнамбод тоа, јас сум силна. Ако заминам, закопај ме таму каде што се договоривме одамна и продолжи понатаму. Не можеш да бидеш сам. Отсекогаш знаев дека фатив женкар, затоа слободно оди што е можно побрзо и запознај некоја убавица. Го посакувам тоа од дното на моето срце. Те сака Кармела“.

 

 

Пабло ја прочитал пораката уште неколку пати пред да го повика својот 17-годишен син барем да му објасни за што станува збор.

Тогаш момчето му ги отворило очите – во Натал, со денови, двата главни мобилни оператори имаа проблеми со врската, па многумина добиле пораки неколку дена подоцна, а некои дури и не ги примиле.

„Жена ми навистина ми испратила порака кога дошла во болница и после тоа веќе не го земала телефонот во рака. Се гледа од последниот датум кога била на Интернет, проверив на нејзиниот телефон. Сега, по ова што го напиша, уште потешко ми е, не знам што да правам со болката. Прекрасната личност и љубовта на мојот живот ја нема “, изјави Пабло Ренистас за локалните медиуми.

Loading...

Неговата приказна ги шокираше сите во државата Рио Гранде до Норте, а приказната ја пренесоа некои од водечките портали во Бразил.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *