4.000 жители го напуштиле градот на југот на Мексико поради насилството на нарко-картелот

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 4.000 луѓе го напуштиле градот Тила во државата Чиапас, на југот на Мексико, поради насилството на нарко бандите, соопштија денеска државните власти.

Loading...

Мексиканскиот претседател во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска призна дека властите морале да формираат кампови за раселените лица бидејќи околу 4.200 жители го напуштиле градот Тил, пренесува Бета-АП.

Тие побегнаа во текот на викендот, откако вооружени банди отворија оган врз градот минатата недела и изгореа голем број куќи, соопштија државните обвинители.

Центарот за човекови права Дигна Очоа објави дека зад насилството стои група која себеси се нарекува „Автономос“ (Автономна) и дека тие се занимаваат со трговија со дрога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Најмалку две лица беа потврдени мртви, а најмалку 17 згради беа изгорени минатата недела.

Банди, исто така, се обвинети за изнуда на плаќања за наводна заштита, како и за поставување блокади на патиштата.

Обрадор рече дека храната била испратена во камповите. Тој тврди дека „работите се смириле“ и додава дека владата сега сака да започне преговори со групите „за да се постигне договор за луѓето да се вратат во своите домови“.

Судирите меѓу ривалските нарко картели погодија неколку градови во Чиапас, во близина на границата со Гватемала, бидејќи областа е главна рута за шверц на дрога и мигранти.

Loading...

Лопез Обрадор долго време се обидуваше да го минимизира насилството во Чиапас, обвинувајќи ги за сензационализам оние што известуваат за тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија