3,9 милиони денари за проекти на Музеј Куманово

Сподели со своите пријатели

Националната установа Музеј Куманово доби вкупно 3,9 милиони денари одобрени средства од Министерството за култура во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година.

Loading...

Со 1,35 милиони денари ќе се реконструира Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце.

За издавачка дејност кумановскиот музеј на располагање ќе има 200.000 денари, кои ќе бидат подеднакво поделени за списанието „Музејски весник“ и „Трајко Муфтински“ – првиот академски сликар и зограф од Куманово, а кое е дело на Славица Крстиќ.

Вкупно 655.000 денари се одобрени за проекти од областа Визуелна уметност, архитектура и дизајн.

– Самостојна изложба на Александар Симоновиќ – 35.000 денари

– Самостојна изложба на Марина Цветановска Мартиновска – 40.000 денари

– Самостојна изложба на Дејан Божиновски – 30.000 денари

– Самостојна изложба на Страхил Петровски – 40.000 денари

Loading...

– Самостојна изложба на Стефан Анчевски – 20.000 денари

– Изложба на дела од Ликовна колонија „Куманово 2019“ – 40.000 денари

– „Кумановски ликовни уметници 2020“ – 50.000 денари

– Ликовна колонија „Куманово 2020“ – 200.000 денари

– Ѓорѓе Шијаковиќ, ретроспективна монографска изложба – 100.000 денари

– Наивата во Македонија – 100.000 денари

Во областа Музејска дејност за заштита на нематеријално културно наследство, на располагање кумановскиот музеј од Министерството за култура има одобрени вкупно 1,7 милиони денари.

– Козервација на музејски предмети – 50.000 денари

Loading...

– Конзервација на 11 икони од депото на црквата „Св. Никола“ во Куманово – 60.000 денари

– Едукативни детски работилници „Сподели братство“ – 50.000 денари

– АСНОМ – 120.000 денари

– „Реевиденција на регистрирани споменици и спомен обележја од НОБ“ – 10.000 денари.

– Изложба „Народна декоративна уметност“ – 60.000 денари

– Црковно градителство и уметничко творештво во кумановско од периодот меѓу двете светски војни – 30.000 денари.

– Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во кумановско – 30.000 денари.

– Венчаниот фустан од почетокот на 20 век па се до денешната современост – 60.000 денари

Loading...

– Женска свадба кај Албанците во кумановскиот крај – 50.000 денари

– Набавување камера за потреби на етнолошко одделение – 60.000 денари

– Украсување на облеката, како начин на препознатливост на албанскиот народ – 50.000 денари

– Поговорките во Куманово и кумановско – 10.000 денари

– Итни превентивни конзерваторски интервенции на етнолошки предмети – 45.000 денари

– Техничко опремување на одделението за документација и стручно-технички работи – 80.000 денари

Loading...

– Редовна работа во одделението за музејска евиденција – 35.000 денари

– Изработка и печатење на брошури на неколку јазични верзии – 30.000 денари

– Уредување на дворно место и влезот на музејот – 50.000 денари

– Едукативна летна школа – 100.000 денари

– Детски игри во 20 век во Куманово и кумановско – 30.000 денари

Loading...

– Систематско археолошко ископување локалитет Градиште – Младо Нагоричане – 300.000 денари

– Сондажни археолошки ископувања на локалитет Градиште – с. Пчиња – 300.000 денари

– Одржување на мунизматична збирка на Музејот – 30.000 денари

– Час по нумизматика во музејот – 30.000 денари

– Меѓународен ден на музеите – 30.000 денари

Loading...

Во рамките на заштита на недвижното културно наследство за Уредување и тековно одржување на локалитетот Кокино се предвидени 60.000 денари.

Освен овие проекти, кумановскиот музеј има низа други кои се дел од Нацрт-годишната програма за работа за 2020 година.

Никола Ивановски

Leave a Reply