39 литри дожд наврнале вчера во Куманово, услови за невреме и денеска

Сподели со своите пријатели

Најмногу дожд вчера наврнало во Куманово и тоа 39 литри воден талог на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево, понекаде со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно вмрее во текот на претпладнето, со услови за нестабилност проследена со дожд и грмотевици во текот на попладневните часови. Максималната температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.

Leave a Reply