39 години од смртта на Тито – неговиот погреб бил најгледан настан во 20. век (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јосип Броз Тито (1892 – 1980), доживотниот претседател на СФР Југославија починал на денешен ден пред 39 години.

Loading...

Неговиот гроб во Куќата на цвеќето на Дедиња на годишнината од смртта од раните утрински часови секоја година го псоетуваат почитувачите, меѓу кои најголем број луѓе од земјите кои се формираа со распадот на Југославија.

Тито починал во 15:05 часот во недела на 4ти мај на 88-годишна возраст во болница во Љубљана.

– Почина другарот Тито. Тоа вечерва го соопштија од Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на работничката класа, работните луѓе и граѓаните, народите и народностите на СФРЈ. Наскоро ќе емитуваме извештај од седницата на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија и Претседателството на СФРЈ, ова беше текстот кој нешто пред 19 часот го прочитал презентерот на ТВ Београд, Миодраг Здравковиќ кој за тој ден бил одреден уште во февруари истата година.

Една од највпечатливите сцени на веста за смртта на претседателот на Републиката, Јосип Броз Тито се случила во Сплит.

Во моментот на објавата за неговата смрт на стадионот „Плљуд“ се играла 43та минута од фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Црвена Ѕвезда, која водела со 1:0.

Точно во 19:12 часот на терен влегол еден човек и дал знак на судијата Нусреф Мухаремагиќ да го прекине натпреварот. Потоа играчите се собрале околус удијата на средината на теренот, а околу 50.000 гледачи на трибините останале во шок. На изненадената публика и играчите преку разглас им се обратил претседателот на Хајдук и претседател на Извршниот совет на Сплит Анте Скатаретико кој ја соопштил веста за смртта на претседателот Тито и ги повикал сите приустни со минута молчење да му одадат почит.

Веднаш потоа публиката на трибините и играчите на теренот ја пееле песната „Друже Тито ми ти се кунемо“ и химната „Хеј Словени“, по што во тишина се разишле во своите домови.

Loading...

Тој настан силно одекнал во југословенските медиуми и станал еден од симболите на жалоста на граѓаните на Југославија за својот претседател, а претседателството на Хајдрук набргу потоа упатило предлот на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Хрватска и стадионот „Пољуд“ да го носи името на Тито, но оваа иницијатива не е прифатена.

Тито е роден во Кумровец, Загорје, во мештовито хрватско-словенечко семејство во мај 1892 година. За време на неговиот живот како датум за раѓање е одбележан 25ти мај, и тоа како Ден на младоста.

На чело на Југославија бил цели 35 години.

На погребот на Тито во Белград присуствувале над 200 високи личности од целиот свет, што е несомнено израз за неговата сосема посебна историска улога и исклучителен углед кој го уживал.

Погребан е на 8ми мај 1980 година во Белград по сопствена желба во зимската бавча на својата резиденција на Дедиње, која потоа е наречена „Куќа на цвеќето“. Покрај големиот број граѓани на Југославија, на погребот присуствувале и 209 делегации од 128 земји од светот, поради што официјално е прогласена за најпосетен погреб на државник во историјата.

На погребот претходел пренос на неговите посмртни остатоци со Синиот воз од Љубљана преку Загреб во Белград, каде три дена биле изложени во централната сала на зграда на Собранието на СФРЈ.

Тука граѓаните, домашни и странски делегации му ја одале последната почест.

Погребот на Тито бил директно пренесуван преку телевизија во Југославија и уште 16 земји во светот, а во неколку земји дополнително е емитувана целата снимка или важни делови од погребот, поради што според податоците на Евровизија е прогласена за втор најгледан настан во 20 век, веднаш по слетувањето на мисијата „Аполо 11“ на Месечината во јули 1969 година.

Loading...

Гробот на Тито се наоѓа во составот на Музејот на Југославија и од погребот до денес го посетиле 18 милиони луѓе.

Leave a Reply