Крег Коли не требал да мине 39 години во затвор.
Околу тоа сите се сложуват. Сите исто така се сложуваат и дека овој 71-годишник остатокот од животот треба да го помине како богат човек.
Калифорнискиот град Сими Вели, 60-ина километри одалечен од Лос Анџелес, објави дека има намера да се договори околу федералната тужба и на Коли да му исплати 21 милион долари за скоро четири децении законско затворање поради убиство на Ронда Вичт и нејзиниот 4-годишен син Доналд од 1978 година, јавува CNN.
– Ги нема тие пари кои би можеле да го надополнат она што му се случи на господин Коли, но нагодбата во овој случај е исправна за него и за нашата заедница, стои во изјавата на градскиот претставник Ерик Левит, кој додал дека судењето било скапо и неодговорно.
Често погрешно осудените мора да се впуштаат во долготрајни правни битки за да се изборат за надокнада за времето минато во затвор затоа што локалните власти обично ги обвинуваат своите претходници и се натегнуваат околу износот на нагодбата. Во овој случај не било така.
Во случајот на Коли сите нивоа на влста ја завршиле својата работа. Градската полиција пвоторно го отворила неговиот случај и добила поддршка од јавен обвинител на округот Вентура Џордч Тотен.
Тогашниот гувернер Џери Браун го помилувал морнаричкиот ветеран од 2017 година, калифорнискиот одбор за надокната на штета минатата година му доделил скоро два милиони долари отштета, односно 140 долари за секој од 13,991 ден, колку што Коли незаконски минал зад решетки, одвоен од општеството, вработувањето и своите најмили.
Неколку месеци подоцна, Коли поднел федерална тужба за граѓански права, па сега градот му исплаќа дополнителни милиони. Градот ќе плати 4,9 милиони долари, додека остатокот доаѓа од осигурување и други извори, стои во соопштението за јавноста.
Истражувачите во приватна лабораторија во Сими Вели пронашле биолошки примероци, чие уништување првостепениот суд го наложил во 1980 година по изрекување на пресудата за Коли.
– Клучниот доказ, на кој се темели пресудата, воопшто не содржи негова ДНК, туку на други лица, стои во соопштението.