38 кумановци казнети за пребрзо возење изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на викендот (13.09-16.09.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 14 возачи, информираат од СВР Куманово.

Loading...

Од исклучените возачи, тројца  управувале под дејство на алохол и 11 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Како што додаваат од кумановската полиција, од сообраќај се исклучени 8 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а 8 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Leave a Reply