Во текот на изминатото деноноќие (24/25.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација.
Loading...
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Никола Ивановски