350 килограми марихуана запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на голема количина опојна дрога марихуана.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија, утринава царинските службеници од граничниот премин Табановце при претрес на товарно моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин Ф.Б. (62), пронашле околу 350 килограми опојна дрога марихуана.

-Имено, во раните утрински часови, односно 01:30 часот, на граничниот премин на излез од државата се пријавило товарно моторно возило марка VOLVO со албански регистарски таблички управувано од државјанин на Република Албанија, при што возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детален преглед. При преглед на истото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана, велат од Царинската управа.

Loading...

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги, Царинската управа против Ф.Б. (62) ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик“ до Основното јавно обвинителство Куманово. 

Leave a Reply