34 години од падот на Берлинскиот ѕид: Настанот што го означи крајот на Студената војна

Сподели со своите пријатели

Поминаа 34 години од падот на Берлинскиот ѕид кој повеќе од две децении ги делеше Источна и Западна Германија, јавува Anadolu.

Loading...

Изграден е со одлука на тогашниот комунистички режим за да се спречи заминувањето на источногерманците во демократските западни земји.

Падот на Берлинскиот ѕид значеше не само обединување на Германија, туку и почеток на падот на комунистичкиот режим, односно крај на Студената војна.

Берлинскиот ѕид беше долга бариера што го делеше Западен од Источен Берлин и окружната територија на Германската Демократска Република (ГДР).

Изграден е од источногерманската влада и добил пропагандистичко име со придавката „антифашист“.

Изградбата започна на 13 август 1961 година и беше надградувана неколку пати.

Ѕидот не бил само обична бодликава жица над висока бариера од тули, туку имал улога на џиновски бетонски ѕид кој го опкружуваше Западен Берлин, практично го делеше градот, отсекуваше улици и раздели многу семејства и пријатели.

Падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година, кој беше пресвртница и за Германија и за Европа, стави крај на режимот на Источна Германија, односно Германската Демократска Република (ГДР), а социјалистичкиот блок во Европа исчезна.

Loading...

Помеѓу 1949 и 1961 година, околу три милиони луѓе, особено образовани и квалификувани млади луѓе, избегаа на Запад од Источна Германија, чија економија се влошуваше.

За да ги спречи овие бегства, управата на ГДР одлучила тајно да ја затвори границата во Берлин во сабота навечер, на 12 август 1961 година.

Долг 156 километри, Берлинскиот ѕид беше одговорен за смртта на најмалку 138 луѓе кои беа убиени обидувајќи се да го преминат. Многу други, кои беа спречени во тоа, завршија во занданите.

Поради се поголемата желба за обединување, на 9 ноември 1989 година беше отворен за непречен сообраќај, а потоа беше целосно урнат.

Само неколку часа по падот на Берлинскиот ѕид беа отворени други гранични премини, а десетици илјади Германци танцуваа пред и на ѕидот.

Истиот ден по падот на ѕидот, еден милион луѓе преминаа во Западен Берлин.

Падот на Берлинскиот ѕид, симбол на „Студената војна“ во 20 век, е еден од важните чекори преземени кон повторното обединување на земјата.

Пред 34-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, оние кои го посетија овој споменик во Берлин ги кажаа своите размислувања и сеќавања за падот на ѕидот на новинарот на Анадолу.

Loading...

Ингрид Пиксли, која емигрираше од Берлин во САД во 1986 година и дојде да го посети главниот град, рече дека никогаш не очекувала пад на Берлинскиот ѕид.

„Не мислев дека ова ќе се случи. Тоа беше целосно изненадување. Познавам луѓе кои се обиделе да преминат на оваа страна“, изјави Пиксли.

Таа изјави дека верува оти луѓето кои живеат на истокот и западот на Германија се интегрирале.

„Мислам дека беше потешко отколку што луѓето замислуваа, но сепак се интегрираа. Сметам дека е импресивно да дојдам во Берлин и да видам луѓе од различни националности. Многу е убаво што овде се зборуваат толку многу јазици“, објасни Пиксли.

Еден од посетителите бил пензионер кој не сакал да го каже своето име.

Тој рече дека за уривањето на ѕидот дознал од вестите на телевизијата на 9 ноември 1989 година.

„На почетокот не можев да поверувам“, објасни тој.

Тој смета дека луѓето кои живеат на истокот и на западот на земјата не се целосно интегрирани и дека се уште има луѓе кои имаат предрасуди еден кон друг.

Loading...

Никола, кој пред падот на ѕидот работел во градинка во Источен Берлин, изјавил дека вечерта на 9 ноември бил дома, а следниот ден работел во градинката.

Уривањето на ѕидот го изненадило.

„Има многу можности во овој град. Многумина од нив отидоа на работа во западниот дел на градот. Се разбира, постојат разлики. Имам пријатели и источно и западно од градот. Берлин за мене стана град. Секако дека се уште има проблеми“, додаде Никола.

Првите две лица кои ги загубија животите при обидот да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ајда Сиекман и Гунтер Лифтин.

Ѕидот беше и олицетворение на Студената војна, така што самото уривање на Берлинскиот ѕид го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и структури, не само во Источна Германија, туку и во поголемиот дел од социјалистичките земји во Европа дотогаш.

Со години, а особено по обединувањето, Германија е најголемата економска сила во Европа и меѓу лидерите во светот.

Loading...

Секој 9 ноември се организира скромно одбележување на годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, кога присутните се сеќаваат и на оние кои ги загубија животите.