338 случаи и четири починати во Куманово изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово (вклучително и Општина Липково), се регистрирани 338 нови случаи позитивни на коронавирусот, додека во истиот период својот животи како последица од компликации од вирусот го загубиле четири лица.

Loading...

Од четирите починати лица, најмладиот имал 58, а највозрасниот 74 години.

Најголем број на случаи се регистрирани во четврток на 5 ноември, вкупно 70 нови позитивни.

Од почетокот на пандемијата Куманово бележи вкупно 2.666 заразени лица, или во проценти 3,71% од жителите. Од нив оздравени се 1.883 лица, а вкупно починати се 92.

Во овој момент Куманово има 689 активни случаи, што го става на 5то место во државата. Пред Куманово според бројот на активни случаи се Скопје со 7.114, Тетово со 981, Прилеп со 823 и Велес со 718.

Податоците се собрани од дневните извештаи на Министерството за здравство и стајтот gdi-sk.

Никола Ивановски

Leave a Reply