Врнежлив викенд во комбинација со грмежи

Сподели со своите пријатели

Облачно и претежно врнежливо време ќе имаме на првиот ден од викендот, пишува порталот МетеоПро.

Во раните утрински часови врнежите ќе бидат поконцентрирани во западниот регион од државата, а околу пладне постепено истите ќе се шират и кон централниот дел од земјата.

Во попладневните часови позначајна ќе биде локалната нестабилност, пред се во јужните делови од земјата, а овие процеси на нестабилност повремено се очекува да донесат засилување на интензитетот на врнежите, на места проследено и со грмежи.

Разведрувањето ќе настапи уште вечерва. Максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 22 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово во текот на денешниот ден ќе имаме облачно време, со повремени врнежи од дожд и можна појава на грмежи и слаб ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 18 степени, а минималната во текот на ноќта ќе се спушти само за два степени, односно ќе изнесува 16 степени целзиусови.

Слично време не очекува и утре, а од почетокот на работната недела повторно сонце и високи температури.