32 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 32 лица денеска биле казнети за пребрзо возење на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Денеска (07.08.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот беше спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, велат од полицијата.

При контролата биле санкционирани 32 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената во населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply