3.000 буквално нови BMW автомобили напуштени на ливада. Еве зошто… (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Оваа необична сцена на прв пат се појави пред две години кога американскиот Јалопник откри огромни гробишта со нови автомобили во близина на Ванкувер, Канада.
Судејќи според најновата снимка, оттогаш не се сменило многу. BMW автомобилите сеуште се таму, а вегетацијата расте. Уште неколку години, тие би можеле да бидат покриени со вегетација, што може да доведе до заборав.

Loading...

Како сето тоа започна?

Приказната се враќа во 2015 година кога автомобилите беа погодени од бура при истовар на пристаништето во Халифакс. Канадските власти открија дека условите се несоодветни за време на претовар на новите BMW автомобили, така што автомобилите беа изложени на солена атмосфера.

Станува збор за 2.966 автомобили во вредност од околу 150 милиони во тоа време, кои никогаш не отишле во изложбениот салон. Очигледно не се исплатеше за BMW да ја поправи штетата, така што автомобилите едноставно беа оставени на милост и немилост на времето.

Штета, затоа што еден куп од тие BMW -а и понатаму изгледаат подобро од многу автомобили што се движат по нашите патишта.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Supercar Fails (@supercar.fails)