30 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 30 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 14та седница на Советот на Општина Куманово која во 10 часот ќе започне во поранешен Комитет.

Loading...

Дневниот ред ви го пренесуваме интегрално:

1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

2. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2022 година;

3. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2022 година;

4. Програма за дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2022 година;

5. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижна ствар која треба да биде предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

6. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2021/2022 година;

Loading...

7. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2022/2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопјанец извршил четири кражби низ Куманово

8. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 6 (шест) работници по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;

9. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточниот плански регион (СИПР) 2021 – 2026, за 2021 година;

10. Извештај за работење на Центарот за развој на Североисточниот плански регион за 2021 година со финансов извештај;

11. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;

12. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година;

13. Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2022 година;

14. Предлог – Програма за изменување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;

Loading...

15. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КК Куманово утре го пречекува ФМП

16. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2022 година;

17. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2022 година;

18. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување „Куманово – паркинг‘‘ Куманово;

19. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2022 година;

20. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;

21. Предлог – Одлука за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги бр. 37-УП1-4910 од 07.09.2022 година;

22. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;

Loading...

23. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд временска прогноза за Куманово

24. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

25. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;

26. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;

27. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

28. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;

Loading...

29. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово – претставник од родителите на децата;

30. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Oдборот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово.