30 милиони прегледи: Како паметните телефони ги променија децата? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мислиме дека не треба да нагласуваме колку светот се промени откако се појавија паметните телефони бидејќи тоа влијаеше на речиси секој аспект од нашите животи.

Loading...

Тоа влијаеше и на животот на децата, уште од нивната најрана возраст.

Токму тоа реши да го покаже тиктокерот Јадира Зарате, која објави видео кое за кратко време стана вирално, а има 28,8 милиони прегледи.

Во него можеме да видиме реален приказ на животот на децата кои се родени во 1997 и 2017 година, односно на нејзиниот партнер и ќерка.

Двајцата мораа со раце да покажат како изгледа кога разговараат на телефон и се фотографираат, а како што можете да видите на видеото, нивните описи се многу различни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вака изгледа еден ден во градинка во Данска: Родителите од други земји се во шок

И додека ова видео успеа некои луѓе да ги насмее, за други покрена дебата за тоа дали влијанието на мобилните телефони врз денешната младина е добра или многу лоша работа.

„Не знам дали е ова смешно или тажно, чувствувам носталгија за старите добри времиња“, е еден од коментарите.

 

Loading...
@yadiryczEverone has to try this its too cute 😂😂♬ original sound – Yadira Zarate