МВР поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело – “тешка кражба на дрзок начин“, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 73.000 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
И.И. на 12-ти овој месец нешто по 07 часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово- Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот.
Со измама од кола на автопатот Куманово – Скопје му украле 70.000 евра

