30 дена притвор за осомничен дилер од Куманово

Сподели со своите пријатели

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, до Основнотно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против лицето Д.Д. (28) од Куманово поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ, информираат од МВР.

Loading...

Како што стои во соопштението на полицијата, според документираните сознанија од истрагата пријавениот во средината на мај месец годинава откако претходно набавил, му продал наркотична дрога марихуана на лицето Д.Д. (38) од Куманово. По ова, купувачот на дрогата заедно со лицето С.Б. (43) од Велес со возило “Фиат- пунто“ со велешки регистарски таблички го напуштиле Куманово, меѓутоа за кратко време кај наплатна рампа Сопот, од правец на Скопје кон Велес од страна на полициски службеници патничкото возило било сопрено. При извршен преглед на возилото, на задното седиште била пронајдена марихуаната.

– Во врска со ова СВР Велес, веќе претходно, односно на 15.05. годинава поднесе кривична пријава против овие две лица до ОЈО Велес под сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 од КЗ на РСМ, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Врз основа на издадена судска Наредба од Судија на претходна постапка при Основен Суд Куманово, според информации на полицијата, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Д.Д. (28) при што му е одземен мобилен телефон со СИМ картичка.

Од страна на судија на претходна постапка нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply