3 корисни алтернативи на маслиновото масло

Сподели со своите пријатели

Маслото за готвење не е задолжително да биде штетно. Маслиновото масло е многу популарно поради корисните својства кои го подобруваат целокупното здравје на организмот, како и изгледот.

Маслиновото масло сепак не е единствената корисна течна маст. Има многу добри и не помалку здрави негови алтернативи кои е подобро да ги вклучувате во менито. Запомнете, колку и богати со антиоксиданси и витамин Е да се течните масти, количината е од клучно значење.

Ако злоупотребувате која и да е од корисните масти, таа ќе се сврти против вас. Препорачаната доза за возрасни е околу 2 лажици на ден, без разлика дали ја користите за готвење или ќе ја додадете свежа во салатите.

Кои масла се корисни за здравјето, освен маслиновото масло?

Масло од гроздово семе

Маслото од семе од грозје  е исклучително корисно како за здравјето, така и за кожата, косата и ноктите. Според истражувањата, маслото од гроздово семе има докажано антиканцерогено дејство. Тоа е многу заситено со антиоксиданси кои се борат со слободни радикали- причинители на рак и стареење.

Маслото од семки од грозје е многу соодветно за свежи салати, како и за готвење, бидејќи точката  на вриење е висока и не прегорува така лесно.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики е исклучително корисен за кардиоваскуларниот систем. Тој е многу богат со витамин Е, кој е силен антиоксидант. Ресвератролот е исто така од групата на антиоксидантите, а тој докажано штити од мозочен удар и инфаркт, пишува eatingwell.com.

Путерот од кикирики е исто така погоден за готвење поради својата висока точка на вриење. Тоа може да се мачка и сурово на тост, што го прави идеално за доручек.

Богато е на корисни масти кои водат до редукција на тежината. Путерот од кикирики е корисен за кардиоваскуларниот систем, бидејќи освен сето останато помага и за намалување на лошиот холестерол.

Ленено масло

Маслото од ленено семе е едно од најкорисните за срцето и крвните садови. Тоа е најбогато со омега-3 масни киселини масло меѓу сите. За жал, точката на вриење на лененото масло е ниска и не е погодно за готвење, но можете да го додадете на сите ваши свежи јадења – салати, мезиња, смутија и слично.