3 јасни знаци дека сте запознале некој од претходниот живот

Сподели со своите пријатели

Оние кои веруваат во реинкарнација велат дека душата го напушта телото по смртта на физичкото тело и дека влегува во ново физичко тело откако минува кратко време во спиритуалниот свет.

Доколку идејата за реинкарнација е точна, тогаш сосема е сигурно дека низ животот се среќаваме со луѓе кои веќе ги познаваме, по добро или лошо, од некој претходен живот.

Експертите за реинкарнација велат дека постојат три начини да препознаете човек кој веќе сте го знаеле во претходниот живот.

Моменталната поврзаност или одбивност

Кога ќе запознаете некој со кој сте имале некаква врска во претходниот живот, чувствувате одредена доза на поврзаност со него. Меѓутоа, ако истиот момент почувствуваме одбивност, во прашање е личност која во претходниот живот воопшто не ни се допаѓала и кон неа сме имале негативни емоции. Во двата случаи ова е знак дека вашите души се знаат од претходно.

Телепатска поврзаност

Веројатно ви се случило некогаш во одреден момент да спомнете некоја личност, а во следниот баш таа личност ви испраќа порака. Предвидувањето на реакциите и речениците исто така е знак на поврзаност од минатиот живот.

Препознавање на очите

Дали некогаш сте се загледале во нечии очи и сте останале маѓепсани? Кога вендша при запознавањето некого го погледнете во очи и почувствувате дека ви е познат, а покрај тоа имате чувство на привлечност, знајте дека таа личност ви е позната од претходниот живот.