29 случаи на грип во Куманово во првата недела од годинава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 29 случаи на сезонски грип биле регистрирани во Куманово во текот на првата недела од 2022 година, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Loading...

Вкупно оваа сезона во Куманово биле регистрирани 108 случаи, од кои поголемиот дел во декември или вкупно 79.

Најмногу заболени од грип имало во возрасната група од 15 до 64 години или вкупно 62 лица. Дваесет и шест лица биле во категоријата од 5 до 14 години, 11 деца на возраст до четири години и девет лица постари од 65 години.

 

 

Заклуно првата недела од годинава во Центарот за јавно здравје Куманово вакцина против грип примиле 194 лица. Најголем дел од вакцинираните, вкупно 88 лица, биле хорнично болни граѓани на возраст над 65 години. Седумдесет од вакцинираните биле здравствени работници.

Во возрасната категорија од 30 до 64 години вакцина против сезонски грип примиле 33 лица со хронични заболувања и тројца без заболувања, додека во останатите старосни категории нема вакцинирани.

Loading...

Центарот за јавно здравје Куманово за сезоната 2021/2022 година набавил вкупно 300 вакцини против сезонски грип.

Во текот на 1-ва недела од 2022 година (03-09.01.2022), во Република Северна Македонија пријавени се 470 (I=22,7/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип.

 

 

Во текот на 1-вата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигнале 224 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 9 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19.

Притоа, детектирани се 40 (17,9%) позитивни случаи, 35 од рутинскиот надзор и 5 позитивни случаи од сентинел САРИ надзорот, сите Influenza A несубтипизирани.

Од позитивните од рутинскиот надзор, кај 5 е потврдена инфекција со грип и КОВИД-19 истовремено.

Loading...

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 1-ва недела од минатата сезона (n=18) е зголемен 26,1 пати, а во споредба со бројот за 1-ва недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=770) се регистрира намалување од 39,0%.

 

 

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 2.183 (I=105,5/100.000).

Заклучно со 1-ра недела, во Македонија, вакцинирани се вкупно 49.236 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Никола Ивановски

Loading...