29 казни за пребрзо возење вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата вчера напишала казни на 29 возачи во Куманово кои возеле со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (29.08), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, на подрачјето на Куманово биле санкционирани 29 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, вкупно 25, биле изречени на возачи кои возеле пребрзо во населено место и 4 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли, предупредуваат од МВР,продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Никола Ивановски