28 повредени во судир на автобус и камион во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Во директен судир на автобус и камион на Горен Јелен, недалеку од Ријека, денеска 28 лица се повредени, додека двајцата возачи се здобиле со тешки повреди.

Повикувајќи се на КБЦ, агенцијата ХИНА пренесува дека возачите се надвор од животна опасност.

Судирот се случил во 10:45 часот на Горен Јелењ, 30 километри од Ријека, на делница прекриена со снег. Во моментот на несреќата имало силни врнежи од снег.

Како се наведува, 31-годишниот возач на автобусот делумно преминал во левата лента и удрил во камион со бјеловарски регистарски таблички кој бил управуван од 43-годишен маж.

Останатите околности на несреќата допрва ќе се утвруваат.

Leave a Reply