27 милиони прегледи: Реакција на кучето на сцена од „Кинг Конг“ ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Булдогот Халези имаше слатка реакција на сцена од филм во кој една од актерките се најде во неволја, а целата ситуација е забележана со камера.

Loading...

На видеото објавено на Јутјуб, може да се види Халеси како седи пред телевизорот, вперен во екранот и напнато гледајќи сцена од Кинг Конг во која диносаурус го напаѓа главниот лик Ен Дароу, која ја игра Наоми Вотс.

Конг тогаш и помогнал и започнала епска борба, на која не останал имун ниту Халеси. Почна да лае возбудено и стигна до работ на креветот на кој седеше.

Видеото од неговата реакција е прегледано повеќе од 27 милиони пати на Јутјуб, а бројни коментатори напишаа дека сцената ги насмеа.

„Од оваа причина, кучињата не смеат да влегуваат во кино“, се пошегува еден од корисниците.

 

Leave a Reply