26 кумановци ноќва возеле пијани

Сподели со своите пријатели

Полицијата во текот на ноќта, поточно од 22:00 часот вчера до 04:00 часот утринава открила 26 кумановци кои возеле под дејство на алкохол.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите Сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

– Притоа, кај 214 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, а на 193 од нив им биле одземени возачките дозволи. Најмногу возачи кои управувале возила под дејство на алкохол биле откриени на територијата на СВР Скопје – 46, СВР Битола – 31, СВР Струмица – 27, на подрачјето на СВР Куманово – 26, на СВР Тетово – 20, на СВР Велес – 19, СВР Штип – 17, СВР Охрид – 12, а 16 биле откриени од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од МВР.

Откриени биле и 147 останати прекршоци за што се изречени соодветни казни.

Leave a Reply