25,2 литри дожд изминатото деноноќие паднале во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 25,2 литри дожд на метар квадратен биле измерени од страна на синоптичарите во последните 24 часа на територијата на Општина Куманово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според најавите на метеоролозите допрва во недела не очекуваат обилни врнежи, каде локално се очекува да наврнат и над 30 литри на квадратен метар. Ситуацијата со водостоите засега е под контрола и под будно око на надлежните.