25 работници се затруле со храна во фабрика

Сподели со своите пријатели

На 08.07.2017 година околу 10,30 часот во Клиничка болница- Тетово, околу 25 вработени во фирмата “Леар“ лоцирана во слободна индустриска зона до регионалниот пат Тетово-с.Желино, побарале лекарска помош поради труење со храна која ја конзумирале во кујната на фабриката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По укажаната лекарска помош истите биле пуштени на домашно лекување. Од страна на увидна екипа од СВР Тетово заедно со Дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Тетово, претставници од Државен санитарен и здравствен инспекторат, претставници од Центар за јавно здравје и претставниџи од Агенција за храна и ветеринарство-Тетово било излезено на лице место и било извршено фотодокументирање, бидејќи лице местото било променето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.