25-годишен кумановец ќе одговара за пиротехника

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Loading...

Пријавениот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на декември 2019 година од едно лице од Скопје набавил 3.274 разновидни пиротехнички средства – петарди.

Истите од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени при преглед во неговата патна торба.

Leave a Reply