25-годишен кумановец ќе одговара за даночно затајување

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец заработи кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Љ.(25) од Куманово и правно лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „даночно затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, првопријавениот, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, во текот на 2016, 2017 и 2018 намерно пријавил помал износ по основ на данок на добивка и по основ на данок на додадена вредност и со неприкажување на точни податоци го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за 2016 во вкупен износ од 212.813 денари, за 2017 во вкупен износ од 668.603 денари и за 2018 во вкупен износ од 446.783 денари или вкупно 1.328.199 денари, согласно Законот за даночна постапка, Законот за управата за јавни приходи и Законот за данок на додадена вредност.

Никола Ивановски

Leave a Reply