24-годишен кумановец ќе одговара за марихуана

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М. (24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 13.01.2019 година околу 15,30 часот на локалниот пат Куманово – село Речица, од полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило, управувано од пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Leave a Reply