239.000 возила се повлекуваат поради опасна грешка, можна експлозија и повреда на патници

Сподели со своите пријатели

Hyundai Motor America повлекува одредени модели на Accent 2019-2022, Elantra 2021-2023 и Elantra HEV 2021-2022, според американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

Loading...

Возилата се повлечени бидејќи во случај на судир, појасите на возачот и/или совозачот може да експлодираат по активирањето и да предизвикаат повреда.

Како резултат на тоа, пријавени се три повредени, две во САД и еден во Сингапур.

Доколку неисправното возило е на списокот за отповикување, сопствениците ќе добијат известување за повлекување по пошта до 15 јули. Тие можат бесплатно да одат во салон за да постават нови појаси.