236 казни за неносење маска викендов напишани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 236 казни поради неносење заштитна маска на лицето во текот на викендот биле напишани од страна на полицијата во Куманово, а четири лица го прекршиле полицискиот час.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.05/17.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 329 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 236, во Крива Паланка 62 и во Кратово 31.

За истите, како што велат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 4 лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply