23 мај неработен ден за Власите во Македонија

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2022 година, (понеделник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Loading...

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.