22 возачи санкционирани за непрописно престигнување на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двајца возачи биле санкционирани денеска поради непрописно престигнување на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Денеска (23.07.) од 07 до 12 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 22 возачи, информираат од кумановската полиција.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply