22 точки на дневен ред на утрешната седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 22 точки ќе се најдат утре пред членовите на Советот на Општина Куманово, на 27та седница која ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет со почеток во 10 часот.

Loading...

На дневен ред ќе се најдат седните точки:

1.            Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2018 година;

2.            Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2019 година;

3.            Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2019 – 31.03.2019 година;

4.            Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2019 – 31.03.2019 година;

5.            Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2018 година;

6.            Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ Куманово за период од 01.01.2019 – 31.03.2019 година;

Loading...

7.            Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2018 година;

8.            Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2019 – 31.03.2019 година;

9.            Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2018 година со финансов извештај;

10.          Предлог – Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општината Куманово;

11.          Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2019 година;

12.          Информација за остварување на приходи по основ на даноци и такси за период од 01.09.2018 до 31.03.2019 година;

13.          Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;

14.          Предлог – Програма за поставување на урбана опрема (реклами) на подрачјето на град Куманово;

Loading...

15.          Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. „Б. С. Гојчо”, дел од Урбан блок 46, плански опфат меѓу ул. „1“, крак на ул. „1“, ул. „100“ и ул. „Моша Пијаде“ – Општина Куманово;

16.          Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од Урбан блок 16, плански опфат меѓу ул. „Веселин Маслеша“ ул. „Михајло Пупин“, ул. „Ѓорче Петров“, КП 12928, КП 12927, ул. „Будимир Димковски“ и пешачка патека – Општина Куманово;

17.          Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23-ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2019 година;

18.          Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2019 година;

19.          Предлог – Одлука за именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;

20.          Предлог – Одлука за именување на членови на Локалниот економско-социјален совет – претставници на локалната самоуправа – Општина Куманово;

21.          Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

22.          Предлог – Решенија за именување на претставници од Општина Куманово за членови на училишните одбори во општинските основни училишта:

Loading...

•             „Крсте Мисирков” – Куманово

•             „Браќа Миладиновци” – Куманово

•             „11 Октомври” – Куманово

•             „Вук Караџиќ” – Куманово

•             „Толи Зордумис” – Куманово

•             „Кочо Рацин” – Куманово

Loading...

•             „Христијан  Карпош” – Куманово

•             „Магдалена Антова” – Куманово

•             „Карпош” – с. Умин Дол

•             „Битолски Конгрес” – с. Лопате

•             „Кирил и Методиј” – с. Романовце

Loading...

•             „Браќа Рибар” – с. Табановце

•             УОМО „Панче Пешев” – Куманово.

Седницата во живо можете да ја следите на програмата на Телевизија „Плус“.

Leave a Reply