219 земјотреси за 24 часа во Ел Салвадор

Сподели со своите пријатели

Најмалку 130 станбени згради се оштетени во силната сеизмичка активност во Ел Салвадор, предизвикани се лизгање на земјиштето, а повеќе луѓе се евакуирани во засолништа, соопштија властите на оваа централноамериканска земја.

Loading...

Како што се наведува во соопштението, од неделата попладне до понеделник наутро се регистрирани 219 земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од девет километри, во општина Сан Лоренцо, пренесува Ројтерс.

Нема информации за загинати, но потресите оштетија домови и предизвикаа најмалку 20 лизгање на земјиштето, поради што властите издадоа црвен аларм за градовите во епицентарот на сеизмичката активност.

Екипите за итни случаи беа на лице место во понеделникот и ги расчистуваа остатоците, а властите отворија осум засолништа за итни случаи во областа, според Ројтерс.