21 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 21 лице биле казнети во текот на вчерашниот ден на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (10.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 21 возачи, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените сообраќајни контроли, појаснуваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштениеот на кумановската полиција.

Никола Ивановски