21-годишник прободен пред кумановски кафе бар

Сподели со своите пријатели

Рано утринава, само 20 минути по полноќ, во СВР Куманово било пријавено дека настанала расправија во кафе бар меѓу К.П.(21) и А.Н., двајцата од Куманово.

Loading...

Потоа, како што информираат од кумановската полиција, расправијата продолжила пред друг кафе бар каде А.Н. со остар предмет му нанел повреда на К.П., на кого му била укажана помош во болницата во Куманово.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Leave a Reply